Алкарас на две победи од првото место на АТП листата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас би можел в недела да го симне Новак Ѓоковиќ од врвот на АТП листата.

Ноќеска, тој го совлада Феликс Оже-Алијасим со 6-4, 6-4 и обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Титула на овој турнир му гарантира прво место на Алкарас, но далеку од тоа дека ќе има лесна задача до освојувањето на пехарот.

Во полуфиналето ќе се сретне со италијанскиот тенисер Јаник Синер кој беше подобар од Тејлор Фриц, а во евентуалното финале би играл со подобриот од саботниот дуел меѓу Медведев и Тиафо. Алкарас го загуби првото место на АТП листата во јануари кога го пропушти Австралија Опен поради повреда.