Алисон ги елиминира Едерсон и Тер Штеген во битката за најдобар светски голман

Иако на последниот меч во Премиерлигата, Алисон од Ливерпул направи невидена глупост со тоа што со рака играше надвор од неговиот простор, сепак неговите натпревари претходно не минаа незапазено.

Тој вечерва во конкуренција на Едерсон од Манчестер Сити и Тер Штеген од Барселона, победи во битката за најдобар голман во Европа.

Тој минатата сезона со Ливерпул ја освои Лига на шампиони.