Алексис полн со комплименти за Лукаку: Никаде нема да најдете како него

Алексис Санчес го очекува своето деби во дресот на Интер каде ќе игра во тандем со својот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку.

По сопствено признание, тој го одбрал Интер токму на инсистираше на Белгиецот и со нетрпение очекува да истрча на теренот со него.

„Никаде нема да најдете како него. Лукаку и јас трениравме многу добро, но мора да играме повеќе заедно за да го дадеме најдоброто од себе. Едноставно не беше вистинско време за нас во Манчестер, премногу промени имаше и тогаш е многу тешко. Сезоната ќе покаже дали можеме заедно да функционираме“, изјави Санчес.

Интересно е тоа што своето деби за Интер, Чилеанецот може да го забележи против својот поранешен клуб Удинезе од каде во 2011 година замина во Удинезе.