Алексис му бил понуден на Реал, но Зидан категорично одбил

Реал Мадрид ја одбил можноста да го доведе Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ на сите можни начини се обидуваат да се ослободат од Чилеанецот и неговата огромна плата од 500.000 фунти неделно, но никако не успеваат во својата намера.

Затоа преку неколку агенти одлучиле да го понудат Алексис на други клубови, меѓу кои и Реал Мадрид за сума од 75 милиони евра. Меѓутоа, тренерот на „Кралевите“, Зинедин Зидан ја одбил таа можност.

Францускиот стручњак смета дека нема причина да го доведат Санчез. Тој е убеден дека чилеанскиот фудбалер не би донел никаков дополнителен квалитет во напаѓачката линија и одлучно рекол „не“ на оваа понуда.

Така, 30-годишниот офанзивец ќе мора да побара други опции. Оле Гунар Солскјер целосно го отпиша и речиси сигурно е дека нема да го гледаме во дресот на „Црвените ѓаволи“ од следната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навивачите на Ливерпул се фанови по порачка – по Јунајтед сега навиваат за друг

Нова жртва и трагедија во семејството Сала: Ништо не е веќе исто за нив овие неколку месеци

Адебајор раскажа анегдота: Како Мурињо беснееше во соблекувални поради Роналдо

Силна најава на Скај Спорт: Азар и Погба во пакет кај Зидан

Вирусот повторно актуелен – Рој Кин анализира што ќе му направат на Оле Солскјер

Јанев до пред неколку месеци беше незаменлив во Беласица, а пред него сега е најважната животна битка

Тито Виланова на шест дена пред смртта го повикал Меси и со својот потег ја спасил Барселона

Првиот фудбалер кој летово ќе го напушти Јунајтед, ќе се пресели во Арсенал?!

Докторот му најавил дека ќе умре, а тој почина следниот ден за време на натпревар