Александар Зверев си даде инсулинска инјекција за време на Мастерс натпреварот во Рим против Давид Гофан.
Германскиот тенисер минатата година призна дека има дијабетес тип 1. Сепак, и покрај здравствените проблеми кои започнаа пред четири години, тој гради успешна кариера.
Тој им дава пример на младите спортисти дека и со слични проблеми можат да спортуваат на највисоко ниво.
За потсетување, германскиот тенисер со руско потекло заболел од дијабетес уште како осумгодишно момче. Тогаш прогнозите биле мрачни за него, бидејќи поединци му велеле дека никогаш нема да може да стане врвен тенисер.
Александар Зверев ги увери сите и покажа дека секој дијабетичар може да биде успешен во која било гранка од животот како и секој друг човек.
Александар Зверев дури минатото лето ѝ откри на пошироката јавност дека е дијабетичар тип 1 и јавно почна да зборува за болеста, проблемите и тешките предрасуди на околината со кои се соочуваат заболените.
– Како момче се срамев, ме исмејуваа на училиште. Во една прилика ми ја украдоа целата опрема – мерач на шеќер, инсулин… Подоцна ја најдов надвор, скршена на земја – рече Зверев и продолжи:
Негирав кога новинарите ме прашаа дали имам дијабетес. Се криев дури и на турнири кога се инјектирав, тоа го правев во тоалет. Отпрвин се криев од моите девојки. Денеска е моја одговорност да зборувам за тоа.