Aлегри заминува од Јуве, но знае дека ќе дојде голем тренер!

Масимилијано Алегри и дефинитивно го напушта Јувентус по завршување на сезоната, а уште е неизвесно кој ќе го наследи.

Веројатно Јувентус веќе работи на таа проблематика, а според изјавата на Алегри, тој најверојатно знае кој ќе биде неговиот наследник.

Јувентус го градевме овие пет години. Сега е време да си одам дома. Се уште не знам кој ќе ме наследи на клупата, но верувам дека Јувентус ќе донесе голем тренер, затоа што и клубот е голем. Ова беше неверојатно искуство за мене, полно со љубов, пет години во кои имав фантастично поминато време“, констатира Алегри.

Постојат повеќе имиња кои се вртат за можен иден тренер на „Старата дама“, но нема конкретно име кое отскокнува како фаворит засега.