Албанец го повреди „кралот на ромите“: Тајсон Фјури се извини за одложениот спектакл од 100 милиони

Љубителите на боксот ќе останат кратки за една неверојатна борба, бидејки дојде вест дека Тајсон Фјури, поради повреда, го откажува мечот против Олександр Усик, борба од 100 милиони фунти.

Мечот беше закажан за 17. февруари и милениците на овој спорт навистина го посакуваа овој дуел, но сепак нема да се оствари, барем не во овој период од годината.

Имено, Тајсон Фјури во петокот имаше спаринг дуел со Хрватот Арон Смакичи, кој е по потекло Албанец, од кој добил длабока расекотина и докторите на Фјури му рекле дека мора да мирува барем две недели, со што битката против Усик стана невозможна.

Самиот Тајсон Фјури најави дека се повлекува од битката поради предлогот на докторите и се извини на публиката која сакаше да го гледа овој дуел.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО