Аларм во Реал: Хезоња загубил седум килограми, ставен е во „мирување“

Марио Хезоња е еден од најдобрите играчи во Евролигата, но ќе отсуствува извесен период од дресот на Реал Мадрид.

Тоа го потврдија од шпанскиот клуб, а како што наведоа во соопштението, Марио Хезоња не бил во состојба да игра, затоа што поради одредена болест (веројатно тешка настинка), загубил дури седум килограми.

Поради тоа Хезоња ќе биде надвор од тимот извесен период, додека не се опорави и физички не закрепне.

– Загуби шест или седум килограми и сега мора да ги врати назад тие килограми, тој има дијареа, константно повраќа и висока температура на телото. Ќе работиме на тоа што побргу да го вратиме во форма и во тимот, порача Чус Матео, тренерот на Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО