Аларм во Фенербахче: Сите во клубот на тестирања!

Кошаркарскиот клуб Фенербахче денеска соопшти дека сите играчи, но и сите вработени во рамките на клубот, се пратени во болница на тестови за КОВИД 19.

Турција е една од последните земји кои го суспендираше спортот поради пандемијата КОВИД 19 која владее во глобални рамки, а сега се појави и паника во редовите на турскиот клуб.

Турција како земја денеска потврди уште пет нови смртни случаи, што дополнително го плаши народот во таа земја, а дополнителна паника настанала откако неколку играчи почувствувале симптоми.

Не е објавено за кои од играчите станува збор, кои кошаркари почувствувале симптоми, но секојдневните стотици умирања креваат уште поголема паника и страв.

Штом беа откриени симптоми, нашиот медицински тим интервенираше и нашиот тим беше пратен во болница да биде тестиран“, стои во соопштението на клубот од Истанбул.