Ако Реал беше прв на табелата – сезоната во Примера веќе ќе беше завршена!

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гаспарт, истакна дека рестарт на сезоната во Примера воопшто и немаше да се случи, доколку Реал Мадрид беше прв на табелата кога се случи прекинот.

Во актуелната сезона, поради пандемијата од коронавирусот, сезоната беше запрена во март, остана да се доиграат уште 11 кола, а Барселона е лидер со +2 пред „кралевите“.

Доколку Реал беше прв на табелата, пред суспензијата на фудбалот, Ла Лига веќе ќе беше завршена, за Реал да биде шампион“, тврди Гаспарт за едно каталонско радио.

Гаспарт алудира на тоа дека Реал Мадрид и Флорентино Перез ќе стореа се во таков случај сезоната да биде завршена на зелена маса, и доколку тие беа први, трофејот да заврши на „Бернабе“.