Не е тајна дека Маурисио Покетино никако не успева да ја доведе екипата на Челси во ред. Сезонава се далеку зад конкуренцијата и како што стојат работите, на крајот од септември, тие се километри оддалечени од зоната која води во Европа.
Што е најлошо за нив, дури и откако почна сезоната, тие не бележат добри резултати, напротив, нема никаква стратегија и сигнали за подобра игра, туку тие се мачат на терен.
Последното коло загубија од составот на Астон Вила на домашен терен, иако многумина очекуваа токму овде со евентуална победа, да направат пресврт на сезоната.
Но никој нималку нема да им завидува на тоа што ги очекува во следните 2-3 месеци.
Челси следниот месец, на 21 октомври играат дерби на „Стемфорд Бриџ“ против Арсенал, една недела подоцна им доаѓа незгодниот Брентфорд, па гостуваат кај Тотенхем во ноември. Веднаш потоа им следува дерби на „Стемфорд Бриџ“ против Манчестер Сити.
Распоредот не ги милува, па на 25 ноември ќе се соочат против Њукасл нагости, што е нималку лесно гостување за нив. На 2. декември им гостува Брајтон, па на 6. декември гостуваат на Олд Трафорд кај Манчестер Јунајтед.
Од овие натпревари зависи позицијата на Маурисио Покетино во Челси.