Ако е за утеха – Лазаров си оди дома како четврти стрелец!

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров ќе остане запишан во историјата на светскиот ракомет и на Европските првенства, без разлика кога ќе одлучи да ја заврши кариерата и дали ќе настапи на уште некој ваков шампионат.

Тој веројатно е единствениот кој заслужи преодна оценка за својот настап во Виена иако беше самокритичен и рече дека забелешките на нивна сметка од навивачите се сосема оправдани. Освен што ни ја донесе единствената победа на ова првенство, Лазаров ќе си замине дома како четврти стрелец.

Последното коло уште не е комплетирано, тоа ќе се случи утре, но се знае дека Лазаров со 22 гола е зад Микола Билик од Австрија (28), Сандер Сагосен од Норвешка и Андре Шмид од Швајцарија (двајцата по 27).