Ако Барселона си игра топло-ладно, Јунајтед со еден потег ќе стави точка на целата приказна со Де Јонг

Барселона на крајот може да остане со празни раце, односно да го задржат Френки де Јонг.

По серијата преговори со Манчестер Јунајтед, тие за холандскиот фудбалер побарале 73 милиони фунти, сума која на Олд Трафорд одбиваат да ја исплатат.

„Црвените ѓаволи“ по доаѓањето на Ерик Тен Хаг, го ставија фокусот на Де Јонг, за кого сите мислеа дека ќе биде прв трансфер, па и се уште може да биде, но времето за нив одминува, а трансфер никако да се случи.

Барањата на Барселона се јасни, а тие не соодвествуваат со понудата на Јунајтед (околу 55 милиони фунти), па останува да се види дали на последната средба меѓу претставниците на двата клуба, ќе има начелен или конкретен договор за сумата и трансферот.

Според она што е кредибилна информација, Јунајтед размислува доколку уште еднаш понудата им биде одбиена, да се повлечат од оваа зделка и да бараат играч на друго место за позицијата на Де Јонг.