Академија П и Вардар како по линија – рамноправно на врвот од ПМФЛ

Академија Пандев беше убедлива денеска на домашен терен против тимот на Македонија ЃП со 4;0.

Домаќините уште во првиот дел наметнаа своја иницијатива, која резултираше со опиплива предност уште на полувреме. Со головите на Дориев и Стоилов во 35 и 38 минута, Академија Пандев имаше комотна предност на полвуреме.

До крајот само ја потврдија уверливата победа со головите на Рајковиќ во 63. минута и Томовски во 79. минута.

Шкендија го победи Силекс со 3:0, Шкупи го доби Работнички со 2:0, Струга беше минимално подобра од Ренова со 1:0, додека Вардар на домашен терен го сруши Борец од Велес со 2;0.

Таму стрелци беа Аврамовски во 3. минута и Адем во 71. минута.

По ова коло, Академија Пандев и Вардар остануваат лидери на табелата со по 24 бодови, трет, односно четвртопласиран тим се Шкупи и Македонија ЃП, шампионот Шкендија е петтопласирана со 14.