Иако досега му предвидуваа повеќе пати откажување и заминување во пензија, Новак Ѓоковиќ и понатаму освојува големи трофеи како на трага.
Тој се уште не планира да ја заврши кариерата, барем не во следните две сезони, а неговиот добар пријател, Златан Ибрахимовиќ, кој неодамна се прости од фудбалот, сега го предизвикува српскиот тенисер.
Швеѓанецот пред неколку дена беше присутен на „Филип Шатрие“ каде го следеше финалето на Ѓоковиќ на Ролан Гарос, а подоцна доби и поздрав од Ѓоковиќ кога овој даваше изјава, а сега го предизвикува на меч.
„Новак, кога и да си подготвен…“, порача Ибрахимовиќ, алудирајки дека го кани на меч во Милано ако реши да прифати.
Тоа еден ден веројатно и ќе се случи и ќе биде повеќе егзибиционистички меч, отколку натпреварувачки.