Агаси: Е како да ви одговорам кој е најдобриот тенисер од големата тројка?!

Легендарниот тенисер Андре Агаси, истакна дека нема посериозен начин како да се утврди кој е најдобар тенисер помеѓу големата тројка, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Надал и Федерер имаат по 20 Гренд слем титули, Ѓоковиќ има две помалку, но Ѓоковиќ неодамна собори рекорд на Федерер по бројот на недели во кои бил на лидерската позиција на АТП, па се верува дека ќе се обиде во иднина и да ги престигне со Гренд слем титулите.

Нивните кариери се уште траат, неверојатно. Тешко е да се одлучи кој е најдобар и кој имал најдобра кариера. Имаме најбрз тенисер на тревнати терени, тоа е Федерер, најдобар на земја, тоа е Рафа и најдобар на бетон, тоа е Новак Ѓоковиќ. Ставете ги на турнир кој се игра на повеќе подлоги, нека играат еден со друг сто пати, па тогаш ќе можам да ви дадам одговор на прашањето кој е најдобриот“, смета Агаси.

Андре Агаси за време на неговата кариера успеа да ги освои сите најважни четири Гренд слем трофеи, а ги има вкупно 8.