Абрамович е сериозно загреан за Халанд: Дилемата е следна – 2021 или 2022?

Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд покажа дека е сериозен фудбалер, за кого допрва ќе се борат големите клубови.

Веќе сегашниот интерес од десетина екипи за овој фудбалер, не е случаен.

Халанд беше купен од Дортмунд за 20 милиони евра, а со оглед на тоа кон кој правец оди неговата форма, веројатно неговата цена во иднина ќе биде барем 5 пати поголема.

Неговата следна дестинација би можела да биде на „Стемфорд Бриџ“, бидејки во моментов најзагреани за негов ангажман е Роман Абрамович, кој праќа сигнали дека нема да жали пари за овој 20 годишен фудбалер.

Абрамович минатото лето потроши преку 250 милиони евра, а не се офајдија многу баш од тие нови кадровски освежувања, но сега работите може да бидат поинакви. Абрамович е загреан за Халанд и тоа го најавил во клубот, дека со сите сили ќе се обиде да го направи играч на Челси.

Постои клаузула со која Халанд во 2022 година може да го напушти Дортмунд за сума од 50 милиони евра, прашање е дали на Челси и Абрамович ќе им се чека толку или ќе се обидат веќе ова лето за многу повеќе пари да го ангажираат.