А1 ги исклучи каналите Спорт Клуб

Од 1 март програмата на телевизијата Спорт Клуб повеќе не може да ја гледаат корисниците на телеком операторот A1 во Македонија бидејќи оваа компанија одлучи да не го продолжи договорот за дистрибуција на каналите со компанијата
Јунатејтед Медиа (United Media).

Сите заинтересирани граѓани ќе можат најдобрата спортска содржина да продолжат да ја следат преку Македонски Телеком, Телекабел, Тотал ТВ, но и преку сите други кабловски оператори во земјата. Со операторот А1 соработувавме долги години и жал ни е што не продолжи долгогодишната соработка и покрај нашата добра волја да дојде до тоа. На А1 му беа понудени исти услови за
дистрибуција како и на другите учесници на пазарот, но понудата беше одбиена. Со овој потег неговите корисници се ставени во положба да бидат единствени во Македонија што не можат да ги гледаат најпрестижните спортски настани на Спорт Клуб, како и на другите канали на компанијата Јунајтед Медиа (United Media).

Со децении наназад Спорт Клуб е регионален лидер кога станува збор за понуда на најквалитетна спортска содржина, а научивме и да ги препознаваме желбите на нашите гледачи и според тоа постојано да ја прошируваме понудата. Од оваа година, покрај популарната Премиер Лига и ФА Куп, нашата понуда ја збогативме и со преноси од германската Бундес Лига и Бундес Лига 2 т.н. Цвајт, но и со преноси на уште дваесетина натпревари од лигите.

Обожавателите на кошарката знаат дека двете најважни натпреварувања, Евролига и Еврокуп, може да се гледаат само кај нас, а за љубителите на трки ги имаме популарната Формула 1 и МОТО ГП. Европските шампионати во кошарка за жени и за мажи ќе се прикажуваат само на каналите на Спорт Клуб, а љубителите на тенис и понатаму ќе можат да уживаат во преносите на тениски турнир Вимблдон, Деjвис Куп и сите АТП мастерс турнири 1000 и 5000. Фудбал, кошарка, тенис, автомото спорт, американски фудбал и хокеј… Нема спорт чии најголеми натпреварувања ги нема на еден од нашите канали.

Сѐ што сакате од спорт има на Спорт Клуб