Селекторот откри дека Јамал ќе биде подготвен за СП

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Де ла Фуенте, истакна дека Ламин Јамал ​​ќе биде подготвен за првиот натпревар на Светското првенство.

Јамал ​​го пропушти крајот на клупската сезона поради повреда на тетивата, но Де ла Фуенте сепак го вклучи во националниот тим, велејќи дека ќе биде подготвен за првенството.

„Доколку, сè биде според планираното Јамал треба да биде подготвен за натпреварот на 15 јуни, но тоа не гарантира дека ќе игра. Ќе ја процениме ситуацијата во соодветно време“, рече шпанскиот селектор на прес-конференцијата.

Нико Вилијамс и Микел Мерино исто така имаат проблеми со повреди и нема да се видат во конкуренција за место во тимот, за пријателскиот натпревар против Ирак вечерва на „Роијазор“, во Ла Коруња.

Шпанија ќе го отвори Светското првенство во Атланта, на 15 јуни против Зеленортските острови, а потоа ќе се соочи со Саудиска Арабија на 21 јуни во истиот град. Нивниот трет натпревар против Уругвај ќе се игра во Гвадалахара, Мексико на 27 јуни.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО