Легендарниот фудбалер Серхио Бускетс Бургос најави дека се повлекува од фудбалот после завршувањето на сезоната во МЛС лигата, каде во моментов игра за Интер Мајами.
Бускетс, кој е еден од најлегендарните играчи на каталонскиот клуб Барселона, ја завршува својата професионална кариера со многубројни достигнувања, вклучувајќи 3 титули во Лигата на шампионите, 9 трофеи во Ла Лига, 7 Копа дел Реј, 3 УЕФА Суперкупови и успеси со шпанската репрезентација како титулата на Светското првенство во 2010 и Европското првенство во 2012 година.
37 годишниот фудбалер имаше 722 настапи за Барселона во периодот од 2008 до 2023 година, а на интернационално ниво забележа 143 настапи за репрезентацијата.