Ливерпул ја исполни желбата на Ериксон: Мечот го минав низ солзи

Пред 55.000 луѓе на „Енфилд Роуд, денес беше одигран натпревар помеѓу легендите на Ливерпул и Ајакс, а на крајот, англискиот тим славеше со 4:2.

Ова беше емотивен и важен дуел кој се одигра на Енфилд. Тоа беше шанса за Ливерпул да му ја исполни најголемата желба на Свен Горан Ериксон, кој според проценките на докторите, нема уште многу од животот, бидејки е во пеколна борба со тешката болест која буквално го „растура“.

Неговата желба да го води Ливерпул на еден ден, „црвените“ му ја исполнија. Ериксон денеска во составот имаше имиња од рангот на Фернандо Торес, Стивен Џерард, Дирк Кајт, Јержи Дудек, Џибрил Сисе, додека на спротивната страна, најзвучни имиња беа Кану, Јари Литманен, Рафаел Ван дер Варт…

Резултатот беше 4:2 за Ливерпул, а Ериксон беше пресреќен поради оваа ситуација, да го води Ливерпул.

– Мислам дека денеска сите сме победници, беше прекрасно, неверојатно беше да се чуе химната на Ливерпул. Победивме, ние бевме подобрата екипа, порача Ериксон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО