„99% е договорено меѓу Вујо и Вардар“

Дел од медиумите во соседна Србија веќе пренесоа дека Вардар е веќе договорен со нивниот поранешен тренер, Веселин Вујовиќ.

Црногорскиот стратег во моментов работи со Борац Бања Лука, но по завршување на сезоната, тој се сели во Скопја, која е посакувана дестинација отсекогаш за Вујо мајсторе.

Освен што го најавуваат доаѓањето на Вујо во Скопје, тамошните медиуми шпекулираат дека со Вујо во Вардар ќе дојде уште еден играч, станува збор за Милош Кос, кој што бил дел од кадетската репрезентација на Србија.

Но од клубот Извиѓач каде настапува Кос, се тврди дека го потврдиле договорот со ракометарот и дека е рано да се зборува за негово заминување.

„Потпишавме договор, рано е да се зборува за заминување. Инаку тој доби покана од Вујо, ни рекоа дека тој го презема Вардар, дека 99% било договорено“, тврди тренерот на Извиѓач, Нешо Зовак

Сега останува само да чекаме за да видиме дали српските медиуми ќе ја потврдат веродостојноста на веќе пласираните информации и дали се ќе се обвистини.

Вујовиќ и претходно го водеше Вардар и е еден од омилените тренери на „Комити“ поради неговата ексцентричност.