19 годишно момче бара да се ископа Марадона – ќе докажува дека му е син!

Диего Армандо Марадона почина деновиве, по што беше погребан во Буенос Аирес. Неговиот погреб и смртта го проследија низа скандали, но се уште ништо не е готово.

Имено, од Аргентина, младо момче бара Марадона да биде откопан од гробот, со цел да се направи ДНК тест, по што бара вештачење околу тоа дали Марадона му е вистински татко.

„Мојата мајка ми кажа дека сум син на Диего Марадона, а јас сакам да знам кој сум и кој ми е татко. Финансии не ме интересираат, само сакам да ја знам вистината. Знам дека со ова барање ќе предизвикам бура реакции, но сакам да видам ДНК тест“, порача Сантијаго Лара, 19 годишно момче.