Муратоглу: Никој и никогаш нема да биде како Федерер

Патрик Муратоглу, тенискиот стратег, ги сподели своите мислења околу Роже Федерер, кој на 41. година и дефинитивно се повлекува од активното играње тенис.

Тој истакна дека никој не може да се издвои каков што е Швајцарецот.

Нема сомнеж дека Роже е најдобриот амбасадор кој тенисот ќе го има некогаш. Сите би сакале да можевме да играме тенис како него, но тој е единствен. Никој не може во блиска иднина тоа да го повтори. Ќе си помислите зошто прв тој стигна до 20 трофеи? Зошто, затоа што е војник на терен. Секогаш се бореше за секој поен, благодарение на тоа, тој испиша историја“, порача Муратоглу.

Федерер е прв кој се повлекува од големата тројка, нешто слично се предвидува и за Рафаел Надал веќе идната сезона.