Новак Ѓоковиќ се пласираше во 2. коло на Ролан Гарос откако синоќа го совлада Јапонецот Јошихито Нишиоку со 6:3, 6:1, 6:0. Бранителот на титулата одигра одличен натпревар и го заврши за точно два часа, но во една ваква рутинска победа успеа да ги испровоцира навивачите.
При водство од 1-0 во вториот сет, Ѓоковиќ гласно славеше по еден маратонски поен откако Јапонецот ја испрати топката во аут. Иако ова беше нормална реакција на еден тенисер, дел од публиката го исвирка поради таквото однесување. Ова особено ги изненади коментаторите на Еуроспорт Тим Хенман и Џон Мекинро.
“Погледнете го овој човек, а ова е само прво коло! Не знам зошто ова негодување од трибините. Се шегувате, нели?”, Рече изненадениот Мекинро, а Хенман додаде:
„Ова нема да му се допадне“.
Novak Djokovic won't like that… 😬
The defending champion is being booed by the Roland-Garros crowd 🔊#RolandGarros | @DjokerNole pic.twitter.com/ZyFBOB9hNm
— Eurosport (@eurosport) May 23, 2022