(ФОТО) Светскиот шампион работи градежно: Враќање во реалноста

Британскиот боксер Даниел ‘Макси’ Хјуз неодамна ја освои светската титула во лесна категорија според верзијата IBO.

Хјуз дојде до најголемата победа во кариерата со победата над Џовани Страфон по 12 рунди, но појасот на светскиот шампион засега не му го промени животот.

Макси се уште заработува за живот како градежник. Борбите не му носат многу профит и тој е принуден да работи „обични“ работи.

Тој објави фотографија од работното место на социјалните мрежи и побара од славниот промотор Еди Херн да му обезбеди уште една борба до крајот на годината.

“Враќање во реалноста утрово. Те молам, дај ми уште една борба оваа година”, рече Макси Хјуз.