Ролан Гарос со исто сценарио како минатата сезона?!

Според последните информации од Франција, Гренд слем турнирот Ролан Гарос веројатно годинава повторно може да биде одложен.

Причина за тоа се низата рестриктивни мерки и забрани предизвикани од новиот и силен бран на вирусот Ковид19.

Разговараме со луѓето во француската тениска федерација, па треба да видиме дали ќе го менуваме датумот за старт на РГ. На секој начин се обидуваме да спречиме ширење на вирусот“, порача министерката за спорт во Франција, Марасинеану.

Голема е веројатноста Ролан Гарос да добие сценарио како минатата сезона, кога се одржа дури во октомври, иако првично беше закажан за крајот на месец мај.

Одлука за турнирот ќе се донесе во следните десетина дена, по состанокот на министерот за здравство, министерот за спорт и претседателот на тениската федерација во Франција.