Џорџина има порака до Роналдо која нема да му се допадне

1336

Девојката на Кристијано Роналдо Џорџина Родригез даде интересна изјава за магазинот „XL“.

На прашањето каде се гледа за десет години, Џорџина одговори:

„Се гледам како се грижам за четири деца, кои тогаш веќе ќе бидат големи. Искрено не можам да се замислам со уште деца крај себе“, изјави убавицата, која кон крајот на минатата година на Роналдо му ја роди ќерката Алана.

За Џорџина тоа беше прво дете, но интересно за Роналдо веќе четврто. Познато е дека неговите близнаци ги роди сурогат мајка, исто како и првиот синт, седумгодишниот Кристијано Јуниор.

Кристијано Роналдо во една прилика изјави дека сака да има седум деца и исто толку „Златни топки“, па ќе биде интересно да се види како ќе реагира на овие зборови на Џорџина.