Џабе му е и Џордан на МЗТ Скопје – Блокотехна по драм со нов шамар за шампионот

936

Актуелниот кошаркарск првак МЗТ Скопје, како во АБА, така и во домашната лига продолжува да тоне се подлабоко и подлабоко.

„Штрковите“ вечерва во рамки на 15. коло го забележаа четвртиот сезонски пораз откако во Гевгелија славеше екипата на Блокотехна со резултат од 96-88.

Ниту новото засилување, Американецот Џордан Крафорд кој имаше одлично деби со 27 поени, не му помогна на МЗТ Скопје да излезе од кризата.

Во победничката екипа на Блокотехна прво име со 24 поени беше Двејн Бенџамин, додека Казарновски забележа „дабл-дабл“ од 18 поени и 10 скока.