Ќе биде интересно летово: Кутињо се враќа на Енфилд!?

3745

Само неколку месеци по спектакуларниот трансфер во Барселона, Фелипе Кутињо би можел да се врати на Енфилд каде играше до пред два месеца.

Се разбира, не во дресот на Ливерпул, туку на бразилската репрезентација која на овој стадион или на Стемфорд Бриџ ќе се сретне со Хрватска како генерална проба пред Светското првенство во Русија.

Кутињо е стандарден член на бразилскиот национален тим, но дали ќе игра на тој натпревар зависи од тоа колку далеку ќе стигне Барселона во Лигата на шампионите. Ако дојде до финалето, тоа е закажано за 26 мај, додека пријателскиот меч меѓу Хрватска и Бразил е една недела подоцна.

Нема да биде чудо ако Кутињо добие неколкудневна поштеда од селекторот и го пропушти тој атрактивен дуел.