Љубовната приказна добива трет дел: Карлито се врати дома!

573

Одлучувачкиот состанок со челниците на Шангај Шенхуа мина онака како што Карлос Тевез се надеваше – со раскин на договорот.

Иако можеше да ја одработи и втората година од договорот со Шангај и да заработи загарантирани и огромни 38.000.000 евра, Тевез реши да го напушти Далечниот Исто и да се врати дома, а веќе од денеска да биде со новите соиграчи.

Тевез во Бока Јуниорс ќе го започне својот трет мандат. Тој минатата зима ја напушти „Ла Бомбониера“ поради астрономската понуда од Кина, но не успеа премногу да се задржи. Сепак, се покажа дека срцето е посилно од парите, иако далеку од тоа дека не си го наплати занаетот кај Кинезите.

Враќањето на популарниот „Апачи“ на „Бомбониера“ е дочекано со воодушевување меѓу навивачите на Бока Јуниорс. Искусниот напаѓач со Бока потпиша договор на две години, ќе го надополни отсуството на тешко повредениот Дарио Бенедето и ќе го предводи саканиот тим кон походот на титулата во Копа Либертадорес.