Ѓорѓиев го носеше ММ Пјанго до најголемиот успех во историјата – сребро во Купот на Турција

799

Репрезентативниот техничар на македонската одбојкарска селекција, Ѓорѓи Ѓорѓиев го предводеше својот клуб ММ Пјанго до најголемиот успех во историјата на клубот.

ММ Пјанго направи големо изненадување откако го освои среброто во Купот на Турција. Екипата на Ѓорѓиев лесно можеше да направи комплетна сензација, но во финалето тесно, со 3-2 загуби од моќниот тим на Халкбанк.

На завршницата од Купот, ПП Пјанго во 1/8 финалето славеше над Јеопарк со 3-0, во четвртфиналето го елиминирше Аркас со 3-1, додека во полуфиналето тимот на Инегол со 3-0.