Шпанска серија во Парагвај: Љубовен триаголник меѓу претседателот, фудбалерот и менаџерот предизвика хаос!

1357

Иако оваа приказна повеќе припаѓа во некоја друга категорија освен спорт, сепак ситуацијата е премногу комична за да не се спомене.

Во Парагвај владее вистински хаос по случајот кој го потресе второлигашкиот клуб Рубио Ну. Имено, во јавноста се појави фотографија од претседателот на споменатиот клуб во прегратка со фудбалерот Бернардо Багриел Кабаљеро, а двајцата на таа фотографија се голи.

Постојат сомнежи дека тие двајца веќе подолго време биле во романтична врска. Фудбалерот бил миленик претседателот, кој воопшто не го криел тоа, па му давал на располагање да користи скапи и луксузни автомобили кои не биле на располагање на остатокот од екипата, а станува збор за второлигашки клуб.

Љубовта траела се додека во приказната не се појавил извесен менаџер Валентин, очигледно вистински латино љубовник, кој го завел играчот и го убедил да го промени клубот со што го скршил срцето на својот доскорешен партнер. Гонзалез полудел, не можем да се помири со разделбата, па упорно одбивал да му даде исписница на Кабаљеро. Тогаш, Валентин дошол до идејата да ја објави спорната фотографија со цел да го примора претседателот да го ослободи Кабаљеро.

Но, тогаш јужноамериканската крв зоврела, па реакцијата не била очекувана. Гонзалес направил потег како најголемите негативци во акционите филмови. Снимил два видео клипа во кои тешко ги навредува Кабаљеро и неговиот нов партнер, нарекувајќи ги бандити и измамници кои ги интересираат само парите. Пред камерите го искина договорот на Кабаљеро и му вети дека никогаш повеќе нема да заигра фудбал.

Случајот сега се наоѓа пред суд.