Швеѓаните во паника – причината Арпад „страшниот“

1067

Шведска и Шпанија утре ќе играат во финалето на ЕП во Загреб, а се очекува израмнета и неизвесен меч за титулата.

Шпанија во пресрет на разврската за медалите остана без првиот голман Перез, но веднаш стигна и тоа каква адекватна замена, директно од Скопје.

Арпад Штербик со ден тренинг настапи во полуфиналето со Франција, влезе на терен и фати три пенали, што влеа дополнителна сигурност кај „црвената фуриј“.

„Џокерот“ на Шпанците е причината за паника кај Шведска. Медиумите во оваа скандинавска држава посебен фокус пред финалето ставаат токму на Штербик кој го нарекоа Арпад „страшниот“