Швајцарска војна: Вавринка стои на патот на Федерер кон првото место

812

Утринава беше извршена ждрепката за 45. издание на АТП турнирот в Ротердам.

Обично овој турнир не е во центарот на вниманието на светската тениска јавност, но сега е интересен поради можност од него да излезе новиот прв рекет на АТП листата. По неколку години пауза, на него се пријави Роџер Федерер кој со пласман во полуфиналето повторно ќе застане на чело.

А за да дојде до таму, Федерер ќе мора да го победи својот сонародник и голем пријател Стен Вавринка. Тој ќе му биде противник во четвртфиналето откако претходно ќе треба да излезе на крај со квалификант и Колшрајбер или Хачанов.

Со евентуален триумф против Вавринка, Федерер во полуфиналето би играл со Зверев, Цонга, Гаске или Милер, а во финалето многу веројатно ќе го пречека Григор Димитров.