Шампионот Хамилтон брутално атерира: Се плашам дека сезонава…

50

Британскиот возач Луис Хамилтон кој сезонава ја брани титулата во Формула 1, како што одминува сезоната, можеби полека почнува да се навикнува на темпото кое го наметна Ферари сезонава.

Хамилтон и Мерцедес можеби како благо изненадување, сезонава не се на врвот, но со оглед на доминацијата на Ферари овие први две трки и почетокот на третата, можеби и нема зошто да биде изненадување.

На утринските квалификации во Кина, Ферари повторно беше најбрз, Фетел и Кими ќе стартуваат утре од првиот ред, а тоа е фактични нов пораз за „сребрените стрели“.

Незнам дали можеме да се натпреваруваме со Ферари, тие се пола секунда напред. Нашиот болид е во ред, но тие се побрзи на правците. Ќе видиме што ќе се случува“.

Во недела сигурно ќе биде поинаку, ќе биде топло време па да видиме како ќе се однесуваме на патеката. Она што е сигурно дека Ферари е многу брз но дека ќе дадеме се од себе“, изјави Хамилтон.