Чудо невидено: Работнички и МЗТ Скопје ќе играат во Гостивар

62

Место во Градски парк, големото градско кошаркарско дерби ќе се одигра вечерва од 19 часот – во Гостивар.

Така одлучи домаќинот Работнички откако синоќа се соочи со технички проблеми бидејќи не функционираа помошните семафори за мерење време за напад. Цела вечер и утринава двата клуба во консултација со МКФ бараа решение за проблемот и го најдоа во играње во Гостивар.

Прва опција била СЦ “Борис Трајковски”, но салата е зафатена поради концерт, а пропаднал и договорот да се сменат домаќинствата, односно овој меч да се игра во Аеродром, а вториот од Суперлигата во Градски парк.