Четири години борба, четири години без никаква информација

478

На денешен во 2013 година светот го обиколи веста дека Михаел Шумахер тешко настрадал на скијање во Франција.

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 итно бил префрлен в болница во Гренобл каде му биле извршена операција, а потоа шест месеци помина во кома. При несреќата доживеал тешки повреди на главата, а само шлемот му го спасил животот во тие моменти.

Половина година подоцна семејството Шумахер го повлече Михаел во Лозана каде неговата соприга Корина направи мини-болница и ангажира врвни доктори од целиот свет.

И тука застана светот за сите фанови на Шумахер. Никој оттогаш не слушна ниедна точна информација, никој не знае што точно се случува со идолот на многу генерации љубители на мотоспортот и Формула 1.