Црногорците се острат: Против Македонија на се или ништо!

1258

Ракометарот на Црна Гора, Милош Божовиќ, потенцира дека мечот со Германија не бил нивниот најважен за пласман понатаму, туку дека тоа ќе биде мечот со Македонија.

Тоа беше нашиот моментален максимум, но ние сме најмладата екипа на шампионатот. Не разбиваа во транзициите, не можевме да го следиме тој тренд. Тие се познати по таква игра. Но сега имаме следен натпревар, играме против Македонија, на таа средба одиме на се или ништо“.

Нешто слично рече и нивниот селектор Ѓукиќ, дека средбата против Македонија може да биде клучна за нив и дека таму ќе бркаат победа по секоја цена.