Црвена Звезда го исплати долгот кон Аврамовски, па се спаси од суспензија

685

Црвена Звезда доби суспензија од Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Србија поради долгувањата кон нашиот некогашен младински репрезентативец Даниел Аврамовски.

Српскиот фудбалски великан доби забрана за регистрирање на нови играчи поради долгувањата кои ги имаше кон Даниел Аврамовски и Стефан Илиќ, но истата траеше само 24 часа, откако, како што велат српските медиуми, актуелниот лидер во српското првенство ги подмири долговите кон нашиот некогашен младински репрезентативец.

По ова, Црвена Звезда ќе може од 1. јануари да доведува нови играчи, а Даниел Аврамовски ги доби своите пари од периодот кога настапуваше во тимот од Белград, каде, како што сметаат многумина навивачи, не доби вистинска шанса да го покаже својот квалитет.