Хулиганите на голема врата се враќаат на Балканот: По „Гробари“, нова војна и помеѓу фракциите на „БББ“

621

Се чини хулиганите на Балканот повторно се враќаат на голема врата. Откако навивачите на Партизан се испотепаа за превлас на трибината, па сега „Гробари“ повторно се поделија, сличен случај ни стигнува од Хрватска.

Навивачите на Динамо Загреб „БББ“ долги години водат борба со првиот човек на клубот Здравко Мамиќ, но имаше исто така фракција која го поддржуваше претседателот на клубот.

Се чини превласта за трибината е причина и кај хрватскиот тим што дошло до нова пресметка на навивачите. Имено тамошната полиција откри дека на три дена пред нова година, група од 20 маскирани лица со метални шипки и беизбол палици упаднале и ја демолирале просторијата на „Максими“ која е во сопственост на Горан Хајдуковиќ Чупка, еден од поранешните водачи на „БББ“.

Целиот настан е документиран од безбедносните камери, а од полицијата не откриваат повеќе детали за истрагата.

Но главниот моти за овој се претпоставува дека е повторна внатрешна пресметка на „БББ“  помеѓу различни фракции.