Хрватска со моќно издание до уверлива победа против Србија

450

Домаќинот Хрватска вечерва оствари премиерна победа на ова Европско првенство, а совладана беше селекцијата на Србија со резултат 32:22.

Натпреварот започна во пеколно темпо, домаќините со агресивна игра веднаш се изборија за осетна предност која на полувреме резултираше со +5 (14:9).

Доминацијата на „коцкестите“ продолжи и во вториот дел, каде домаќинот дополнително ја градеше својата предност до конечната победа против Србија со 10 голови разлика (32:22).

Хрватска на овој меч го докажа својот квалитет и сигурно со ова стави до знаење дека ќе бидат сериозен кандидат за освојување на медал на ова ЕП.

Кај Хрватите најефикасен беше  Степанчиќ со 6 голови, додека кај Србија најрасположен за голови беше Ненадиќ со исто така 6 постигнати гола.