Хиршер триумфално на Сљеме за 50. јубилејна победа

243

Австрискиот скијач Марсел Хиршер го продолжи победничкиот поход откакако денес славеше на слаломот возен во хрватски Сљеме.

Хиршер на овој начин стигна до јублилејната 50. победа во кариерата со што се израмни со легендарниот Алберот Томба на третот место на вечната листа. Пред нив се Австриецот Херман Маер со 54 победи кој е на второто место и првопласираниот со рекордни 86 победи, Ингемар Стемарк од Шведска.

Што се однесува до денешната трка и победничкиот пиедестал, него го комплетираа Михаил Мат на второто место и како третопласиран финишираше Хенрик Кристоферсен од Норвешка.