Химки го освои Белград: Антиќ и Звезда во непрепознатливо издание

590

Финската екипа Химки вечерва славеше на гостувањето во Белград кај Црвена Звезда со 70:79.

Црвена Звезда пред своите гледачи одигра прилично лош натпревар, што докажува и конечниот исход. Слаб скор на оваа средба имаше и македонскиот кошаркар Перо Антиќ, кој запиша само 2 поени за десетина минути во кои беше на теренот.

Црвена Звезда иако тргна подобро во првите 10 минути (21:14), сепак подоцна почна да тоне во играта, вторите 10 минути ги загубија (16:17), а третиот дел исто така беше лош за домаќините (17:21).

Во последната четвртина се влезе во изедначена и егал ситуација каде домаќините требаше да одиграат на ниво, но токму тогаш тие попуштија, гостите тоа го искористија и со 16:27, ја добија четвртината и натпреварот (70:79).