Фудбал од забава: Играч на Лестер во наследство ќе добие 20 МИЛИЈАРДИ долари

1686

Малкумина во Европа, па дури и во Англија знаат за 19-годишниот фудбалер на Лестер, Фаик Болкија.

Но, иако никој не го знае, овој тинејџер е убедливо најбогатиот светски фудбалер. Кога ќе се земе предвид кој е и од каде доаѓа, на сите им е јасно дека фудбал игра само од забава.

Тој е внук на султанот на Брунеи, Хасанал Болкија и во наследство ќе добие 20 милијарди долари. Во Англија е од 2009 година кога потпиша за Саутемптон, подоцна се пресели во Челси, но заврши во Лестер. Неговиот татко Џефри Болкија е познат по многу проекти во Брунеи и поупатените тврдат дека знаел месечно да потроши и по 35 милиони долари на автомобили, часовници, жени…

Во својата гаража има околу 2.300 автомобили, но Фаик е скромен, не се оптоварува со парите и ужива во фудбалот.