Фудбалер на Рапид Виена уапсен поради напад на џамија

441

Дејан Љубичиќ, фудбалерот кој настапува за Рапид Виена во австриската Бундес лига, заедно со Даниел Судар, исто така фудбалер се уапсени утрово во Кисељак.

Двајцата биле пријавени утрово во 5.25 часот, а потоа брзо биле индефикувани и уапсени. Причина за ова е што тие двајцата со стаклени шишиња од пиво „Хеиникен“ гаѓале кон џамијата во Кисељак.

За случајот веќе е известено и обвинителствот на кантонот Травник, па овие двајца со сигурност ќе имат проблеми пред законот. Инаку Љубичиќ е и младински репрезентативец на Австрија.