Француски репрезентативец ја засили Барселона

718

Каталонците вечерва обелоденија дека се засилуваат со актуелниот француски репрезентативец Едви Џексон.

Овој кошаркар во Барселона пристигнува од редовите на кинескиот прволигаш Гуангдонг каде што настапуваше изминатите шест месеци.

Станува збор за 28-годишен бек кој навистина е одличен стрелец. Неговото доаѓање во клубот се чини и тоа како добро ќе и дојде на Барселона.

Џексон впрочем се враќа во Барселона сооглед на тоа што настапуваше за овој клуб во сезоната 2014/2015, а ни кариерата има настапувано за Асвел, Нантер, Руан, Уникаха и Естудиантес.