(ФОТО) „Фалангата“ од дијаспората се мобилизираше, автобусите од Македонија ги тресат на граница

2171

Македонската ракометна репрезентација се очекува да има голема поддршка на првиот натпревар на Европското првенство против Словенија кој стартува од 19:30 часот и се игра во загрепска „Арена“.

Дел од навивачкиот кордон од Македонија кој патува во сопствена режија со приватни автомобили веќе пристигна во хрватската престолнина, а македонските ракометари ќе имаат поддршка и од дијаспората, поточно од „Фалангата“ од Виена која тргна на пат кон Хрватска.

🇲🇰Македонската Фаланга од Виена тргна за Загреб/Хрватска!🇲🇰ЗА МАКЕДОНИЈА!

تم نشره بواسطة ‏‎Makedonska Falanga – Wien‎‏ في 13 يناير، 2018

Исто така, се очекуваат четири автобуси навивачи кои се тргнати од Македонија во секој момент да пристигнат во Загреб. Нивното доаѓање требаше да се случи порано, но истите биле задржани на граница каде биле претресувани. Се очекува да пристигнат во фан-зоната во Загреб која ќе биде отворена од 15:00 часот.