(ФОТО) Транспарентот на навивачите на Ливерпул стана хит на интернет

814

Фудбалерите на Ливерпул утре гостуваат кај Порто во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

„Редси“ се наоѓаат во одлична форма во последно време и јасно е дека се големи фаворити да се најдат во четвртфиналето од ова натпреварување. Сигурно е дека играчите на англискиот тим ќе ја имаат поддршката од трибините на „Драгао“ бидејќи навивачите на Ливерпул најавија доаѓање во голем број.

Една од навивачките групи на Ливепрул денеска тргнаа на пат кон Португалија и понесе брилијантен транспарент со себе кој стана хит на социјалните мрежи. Очигледно дека машкиот дел од оваа група нема проблеми што утре е Денот на заљубените, бидејќи за нив Ливерпул е секогаш на првото место.

„Немојте да и кажете на мојата госпоѓа, но јас Свети Валентин ќе го минам со својата „птица““, пишува на транспарентот на навивачите, алудирајќи на митската птица која е симбол на градот Ливерпул повеќе од 800 години и е дел од грбот на истоимениот фудбалски клуб.