ФОТО: Романтика на „Чајк“ – Симовски камуфлиран пред финалето ја запроси девојката

501

Денес со одигрување на големото финале, заврши годинешното издание на традицоналниот турнир „Чајк“ кој се игра во Тетово.

Победник на турнирот е екипата на Партизан од Белград кој во финалето го совлада нашиот Вардар со максимални 3-0 во сетови.

Интересен потег се случи пред финалниот меч кога нашиот репрезентативец Дејан Симовски, брат на попознатиот Јовица, се реши да ја изненади својата долгогодишна девојка.

Симовски камуфлиран и облечен во дрес на Вардар, а не на својот клуб Лешок, излезе на терен и ја збуни публиката. Но ова не беше се, откако се качи на трибините и со прстен во рака ја побара за сопруга својата девојка која не размислуваше и кажа да.